Видео во живо на кое се гледа како преку педесетина граѓани играат оро на улица во популарното ромско маало во Гевгелија, пред половина час беше постирано во една интернет-група.
Ова евидентно непочитување на забраната за движење и групирање ги разлути гевгеличани, иако имаше и такви кои го поздравија масовното славење кое во моментов е противзаконско.
На истата улица тамошните соседи и синоќа со свеќи заеднички го дочекаа Воскресението Христово.