fbpx

Венко Филипче советува: Еве како родителите да ги анимираат децата

На официјалниот сајт на министерството за здравство се презентирани препораки и алатки при ограничено движење. Седењето дома со децата повеќе денови е голем предизвик за секој родител, па Венко Филипче сподели повеќе совети и идеи од психологот Иво Куновски кои родителите би требало да ги применат со своите деца додека трае карантинот.

Најдете време во денот да им читате на децата. За време на читањето, разговарате со децата за сликите и настаните во книгата, опишувајте ги, предвидувајте што би се случувало во книгата понатаму и разговарајте како некои од ликовите се чувствуваат.

Разгледувајте и споделувајте за фотографии. Користете фотографии од албуми или телефони и дозволете на детето да споделува што гледа на сликата, каде и кога е тоа, како и зошто се случува тоа и како се чувствува детето за споделените личности и настани.

Учете низ игра во домот. Деца кои имаат некои основи од математика може да имаат мисија низ домот да бројат прозорци, слики, растенија, столици итн. Предизвикајте ги да изградат шатор од ќебе или тврдина од перници или кутии. Учете да цртате или со пластелин да моделирате животни и растенија, учете ги нивните имиња, опишувајте како изгледаат, што јадат, каде живеат итн. Засадете неколку семки во саксија (пр. пченица, грав, грашок) и овозможете му на детето да се грижи за нив, истражувајќи колку вода и светлина им е потребно, како растат, како се јадат итн.

Вклучете ги децата при припрема на храна и готвење. Готвењето може да е дополнителна едукативна активност за децата. Разговарајте за начинот на готвење, улогата на квасецот, зачините, состојките, потребните количини, читање рецепти и етикети од производи итн. Доколку возможно, дозволете им на децата да припремаат форми од тесто, да ставаат зачини или на друг начин да се вклучат во готвењето.

Цртаните или игрите да бидат награда. Кога родители имаат потреба од време за работа, други обврски или одмор, очекувано е да им се понуди телефон, компјутер или телевизор на децата за игри или цртани филмови. Обидете се да им понудите време за игра или цртан филм како награда кога добро ќе завршат некоја задача од претходно наведените. Може задачата да биде и прво читање на книга или приказна, па потоа гледање на цртаниот филм од истата тема. Побарајте од детето подоцна да ви ги спореди, прераскаже, опише ликовите, да додаде свој крај итн.     

Организирајте дружење преку телефон или интернет. Некои од горенаведените активности може да ги организирате и преку видео повик или телефонски разговор со врсници на детето. Договорете со други родители термин и задача за онлајн или телефонско дружење. Во тој период, децата може заедно да цртаат, споделуваат за заедничка активност, нешто ново што научиле или еден од родителите да раскажува приказна па потоа заедно да споделувате.

Следни Објави

Концерт на векот: Лејди Гага и пријателите собраа 127,9 милиони долари

Повеќе од 100 музички светски sвезди, вклучувајќи ги Ролинг Стоунс, Пол Мекартни, Лејди Гага, Килерс, Стиви Вондер, Селин Дион, Андреа Бочели, Џенифер Лопез и Били Ајлип, одржаа виртуелен концерт „Еден свет – заедно дома“ во знак на поддршка на здравствените работници, во време на пандемијата на коронавирусот. Овој уникатен настан, […]