fbpx

Дали најлошото допрва доаѓа?

Кога е во прашање пандемијата на новиот коронавирус најлошото допрва доаѓа, тврди шефот на Светската здравствена организација. Она што особено загрижува е тоа што изјавата на Тедрос Аданом Гебрејесус доаѓа во време кога многу земји почнаа да ги олеснуваат ограничувањата.

Тедрос не прецизира зошто верува дека пандемијата, од која се заразени речиси 2,5 милиони луѓе ширум светот и однесе повеќе од 166.000 животи, би можела да се влоши. Некои сметаат дека мисли на идно ширење на заразата во Африка каде здравствените системи не се толку развиени.

– Верувајте ми. Најлошото е сѐ уште пред нас. Да ја спречиме оваа трагедија. Тоа е вирус што многу луѓе сѐ уште не го разбираат – алармира шефот на СЗО.

Следни Објави

Наум Петрески револтирано порачува: Кој ли ве стави на власт?

Докажаниот фолк-пејач Наум Петрески денеска на својот фејсбук-профил им се обраати на институциите кои раководат со државата искажувајќи го својот став за самоизолацијата. Неговата објава наиде на многу рекции, а го поддржаа и многу други познати личности. Статусот ви го пренесуваме во целост: „Од денеска јавно им кажувам на властите […]