Казните за непочитување на полициски час за физички лица се движат од 2.000 до 2.500 евра или казна затвор до една година. Доколку навистина соодветно бидат санкционирани лицата кои вчера се собраа на улица и свесно го прекршија велигденскиот полициски час, масовното оро во популарното ромско маало може скапо да ги чини гевгеличани.
МВР информира дека постапува по овој случај и дека веќе е приведено едно лице, а се работи и на идентификување на другите.
Откако вчера „Мастило.мк“ објави фотографии и видео од инцидентот, во коментар под објавата еден наш чител тврдеше дека бил еден од присутните на настанот.
– Си се веселевме и нам ни е убаво. Кому му пречи слободно нека се искаже во коментари. Јас самиот знам дека сите што бевме таму многу убаво си поминавме. Поздрав од Гевгелија – напиша тој.