Одењето во тоалет во иднина може да подразбира не само олеснување за нашиот организам, туку и ослободување од некои стравови за нашето здравје. Научници од Универзитетот Станфорд конструирале паметен тоалет што може да ги анализира изметот и урината и да предупреди на различни болести, дури и на некои форми на рак, пренесува „Нешнал џиографик“, информира МИА.
Овој експериментален модел ги идентификува своите корисници врз основа на нивните уникатни отпечатоци на прстите и анални отпечатоци. Откако е изработен, тоалетот го користеле 20 волонтери. Еден од авторите на проектот, професорот по медицина Сањив Сем Гамбир, тврди дека паметниот тоалет е совршен начин за собирање на оние видови здравствени податоци што најчесто се игнорираат.
Паметниот тоалет е конструиран врз основа на класични тоалетни школки, на кои се додадени напредни сензори за движење. Инсталирани се во внатрешноста и ја снимаат урината и изметот на корисникот. Потоа алгоритми ја анализираат видео снимката од урината и изметот и го бележат времетраењето на уринските испарувања и карактеристиката и брзината на столицата, пишува СиНет.
Собраните податоци за фекалните секрети на корисникот, паметниот тоалет ги испраќа до безбеден клауд систем, за потребите на нивното евидентирање, архивирање и понатаможни анализи. Системот дава биохемиска анализа за примероците кои според истражувањата можат да откријат и до десет различни видови болести, меѓу кои се откажување на бубрезите и рак на мочниот меур.