Американскиот илустратор, аниматор, филмски режисер и продуцент Џин Дејч почина на 95 години во Прага. Познатиот уметник и карикатурист е еден од најзаслужните за развојот на ликовите од цртаните филмови „Попај морнарот“ и „Том и Џери“, а работеше и на анимираните филмови „Хобит“, „Алиса во Париз“, „Силвестер и волшебниот кристал“ и „Блуфонци“.
Во Чешка се преселил во 1959 година откако се оженил и практично целиот работен век го помина во оваа земја. Дејч во 2004 година ја доби наградата „Ени“ за животно дело.