На денешен ден 1724 година е роден познатиот германски филозоф Имануел Кант, професор на Универзитетот во Кенигзберг, основач на германската класична филозофија.
Кант ја поставил хипотезата за природно формирање на Земјата и небеските тела. Негови најпознати дела се „Критика на практичниот ум“, „Критика на чистиот ум“ и „Општа теорија на природата и теорија на небото“.
Во продолжение ви пренесуваме десет негови мудри мисли.
Оној што е суров кон животните е тежок и во одност кон луѓето. Човечкото срце може да се процени според неговиот третман кон животните.
Да се биде значи да се дејствува.
Не е божја волја да бидеме среќни, туку да се трудиме околу сопствената среќа.
Со лаги човекот го уништува неговото достоинство.
Среќата не е идеал на разумот, туку имагинација.
Морав да го тргнам настрана знаењето, за да направам простор за верувањето.
Без сомнение, целото наше знаење започнува со искуство.
Живеј го животот мислејќи дека секое твое дело ќе стане универзален закон.
Науката е организирано знаење. Мудроста е организиран живот.
Кога човек себеси се учи да биде црв, не смее да се пожали ако некој го стапне.
Религијата е запознавање на сите наши должности низ божјата команда.