fbpx

Идентификувани 18 лица, МВР нема да им прости на играорците

Соодветни мерки и активности најави Министерството за внатрешни работи во врска со настанот во Гевгелија на 19-ти април кога повеќе граѓани ја прекршија забраната за движење согласно уредбите на Владата.

Министерството за внатрешни работи, односно надлежните служби, во текот на денов од веќе идентификуваните 18 лица учесници на настанот, извршија службени разговори со 8 лица, а за останатите 10 лица се во тек достави на покани за разговор во надлежната полициска станица.

По целосното документирање на настанот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија.

Од МВР најавија дисциплинска одговорност и за полициските службеници кои вчера приведоа момче со домашен миленик. Тие работните задачи ги извршувале спротивно на упатството за начинот на однесување во услови на прогласена вонредна состојба предизвикана од појавата на коронавирус.

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека освен трите лица кои првично беа приведени за настаните во Ченто од 13 април и за кои веднаш беше поднесена кривична пријава, дополнително се идентификувани уште 23 лица.

Следни Објави

(ВИДЕО) Ретка појава: Срна плива во Дојран

Во свет во кој човекот е дистанциран од природата, животните уживаат и таму кадешто вообичаено не им е дозволено. Уживајте во оваа ретка појава во Дојран! Оваа срна е нашиот позитив на денот! За видеото кликнете ТУКА!