Ерин Слоун е американската тинејџерка која го воодушеви светот. Таа преку ноќ стана интернет-сензација поради нејзиниот креативен начин да се справи со здодевноста со којашто се соочува поради изолацијата.
Слоун од својата детска соба направи сала за планинарење.
– Редизајнирањето на ѕидот траеше една недела. Само ја затворив вратата, си пуштив музика и се фатив за работа. Бев горда на себе кога сѐ беше завршено. Се пофалив на другарка, па сега и таа сака да си направи ваков ѕид – им раскажа Ерин на новинарите која пред пандемијата со новиот коронавирус, вежбала искачување по 80 часа неделно.