Борко Андреевски кој подолг период живее и работи во Англија е еден од вкупно 500-те млади и здрави волонтери кои се пријавиле за пробното тестирање на новата вакцина против коронавирусот.
Тестирањето ќе се одвива во фази на Универзитетот Оксфорд.
– Сега сум во исчекување да ми кажат кога треба да одам по вакцината. После тоа се оди на 6 прегледи во рок од три месеци – изјави Андреевски за „Телма“.
Британската Влада вложува сѐ за развој на вакцина против коронавирусот, изјави вчера министерот Мет Хенкок информирајќи дека во четврток ќе почнат испитувањата врз луѓе на вакцина против коронавирусот.
– Во нормални времиња доаѓањето до оваа фаза ќе одземе години и јас сум горд на досегашната работа – порача тој.