Семејството на 19-годишното момче од Кичево, за кого беше известено дека е втор дијагностициран случај на Ковид-19 од овој град, тврди дека детето е негативно на сите досега направени тестови, јавува порталот „360 степени“.
Пациентот бил хоспиталзиран на Инфективното одделение во охридската болница со пневмонија. Таму двапати бил тестиран и двата теста биле негативни. Поради компликации со пневмонијата, момчето е префрлено на лекување во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде повторно му се направени два теста за Ковид-19.
Како што тврди неговиот чичко, Спасе Дамјаноски, тие биле известени дека тестовите се негативни, а детето, сепак, заврши во статистиката на Министерството за здравство како второзаболен со ковид-19 од Кичево.
Целата сторија прочитајте ја на „360 степени“.