fbpx

Да, љубев жена: Миа Костова проговори за бисексуалноста

Поранешната водителка на естрадниот ТВ-магазин „Бекстејџ“ лани се врати во шоуто, но овојпат од другата страна, како гостинка наместо домаќинка.

Во емисијата првпат отворено проговори за љубовниот живот и за бисексуалноста.

– Да, љубев жена, тоа е вистината. Претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа дали е човек – појасни атрактивната водителка.

Миа е постојано активна на социјалните мрежи, па јавноста може да види дека освен со синот Андрија, времето го поминува и со извесна Тијана Скулиќ.

– Многу време поминуваме заедно. Ми стана многу близок пријател за многу кратко време и покрај тоа што е релативно млада. После една сериозна емотивна агонија од пет години, ми покажа дека има и друга страна целата приказна. Можам да кажам дека е човек кој ме крена од мртвите. Во моментот кога се појави, Тијана ми даде една друга слика на целата приказна, не емотивна, но слика која направи да видам која сум јас. Тијана само ми го покажа патот кој сум знаела дека го имам за себе и мислам дека ѝ должам живот. Таа ми е буквално Life changer и покрај тоа што е многу помала од мене – раскажа лани Костова.

Следни Објави

Македонка во карантин: Скратив од луксузот и за два месеца заштедив 500 евра!

Ситуацијата во која моментално се наоѓаме поради пандемијата ни покажа дека не знаеме што нѐ чека во иднина и дека е убаво да имаме нешто заштедено за вакви денови. Лесно е да се каже, но навистина е тешко да се штеди, но од следново искуство на една девојка што ни […]