Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт објавија неколку нови фотографии од најмалиот син, принцот Луис, по повод неговиот втор роденден, којшто ќе го прослават денеска.

Сликите се дело на Кејт Мидлтон и се направени месецов, информираат британските медиуми.

Луис е петти во редот за престолот.

Кејт и Вилијам имаат уште две деца, шестгодишниот принц Џорџ и четиригодишната принцезата Шарлот.




