fbpx

И покрај ракот, верува во убавината на секој нов ден: Митко е нашиот херој!

Митко Јордановски собрал храброст да ја сподели неговата животна приказна со единствена цел-да ги охрабри сите оние кои моментално го поминуваат патот што тој го одел пред неколку години.

Јордановски има меланом, односно рак на кожа. И покрај многуте компликации не престанува храбро да се бори и да верува во убавината на секој нов ден.

– Мојата приказна започна пред пет години. Мајка ми случајно ја забележа промената на бемката на мојот грб. Не беше голема, но ја промени бојата и формата.
Веднаш отидов на лекар да проверат за што се работи. Ме упатија на пластична хирургија да направат биопсија. Ме прими д-р Маргарита Пенева на која сум и неизмерно благодарен. Ми рече дека мора да се направи операција и целосно да се одстрани – раскажува тој.

Операцијата била локална, траела половина час. Потоа си заминал дома. Следниот ден отишол на работа како ништо да не се случило.

– Работев и сѐ уште работам во Денмак, но во моментов сум на боледување. Кога стигнаа резултатите од биопсијата се покажа дека бенката е бенигна и дека нема простор за паника. Продолжив со животот нормално, но направив една грешка – во наредните три години не направив ниту една контрола, ниту ехо, дермоскопија, ниту пак бев едуциран за последиците кои можам да ги имам – искрен е Јордановски.

Целата приказна можете да ја прочитате на официјалната страна на македонското здружение за борба против ракот „БОРКА“.

Следни Објави

Ќерката на Момо Капор со еден пост објасни сѐ за короната

На сите ни е јасно дека Ковид-19 е новиот вирус кој и понатаму се истражува, а воедно веќе почна и да мутира, па дополнително е отежнато пронаоѓањето на соодветната вакцина. Како поминуваат деновите, сите сме веќе побудалени од предупредувања, препораки, правилата и секако од прогнози кога ќе можеме повторно да […]