Властите во Австралија информираат дека забраната за патување во странство останува на сила и дека нема да ги отворат границите барем уште четири месеци, информира тамошниот главен санитарен лекар.
Тој најави дека нивните експерти ќе ги разгледаат можностите за олеснување на ограничувањата на масовните собири во блиска иднина, но големите настани ќе останат забранети.
Во Австралија досега се пријавени 6.659 заразени од новиот коронавирус, а починаа 75 луѓе.