fbpx

Македонка во карантин: Скратив од луксузот и за два месеца заштедив 500 евра!

Ситуацијата во која моментално се наоѓаме поради пандемијата ни покажа дека не знаеме што нѐ чека во иднина и дека е убаво да имаме нешто заштедено за вакви денови. Лесно е да се каже, но навистина е тешко да се штеди, но од следново искуство на една девојка што ни се обрати можеме нешто и да научиме.

Таа со поддршка од сопругот ги анализирала трошоците и почнала да ги исфрла непотребните работи и навики или истите ги заменила со поевтини варијанти. Во продолжение прочитајте како!

Нега и убавина

Секој месец одев на маникир и педикир и тоа задоволство го плаќав 1.000 денари. Но, бидејќи не можев да се откажам од убави и негувани нокти си купив половен прибор со гелови за домашна изработка на нокти. Првиот месец не заштедив ништо, затоа што за истите пари ја купив опремата и материјалот кој ќе ми трае со месеци, ако не и цела година, пишува таа.

Одлучив и депилацијата да ја правам сама. Порано за истата трошев до 1.000 месечно за целото тело. Секој месец одев и на депилација на надусници и на кубење веѓи, а тоа значеше дополнителни 1.000 денари. Така, решив да го вратам во употреба мојот стар електричен епилатор, а за лице си купив траки со ладен восок кои чинат 250 денари, а ќе ми траат со месеци. Веѓите ги кубам сама (благодарам Јутјуб!). 

Сфатив дека претерувам и со производите за нега на коса и кожа. Наместо пилинг, се туширам со обична, нежна купка и луфа за бањање која исто така има ефект на пилинг. Сфатив дека за косата не ми се потребни шампон, балсам, капки и спреј за после сушење, туку само шампон и балсам. Тука заштедив уште 1.500 денари месечно. Значи за убавина за два месеци заштедив 9,500 денари, а притоа пак сум убава и негувана! Да не ви кажувам колку се шокирав кога пресметав колку пари трошам само за изглед!

Храна

Кога е во прашање храната решив не само да заштедам туку и поздраво да се хранам. До неодамна месечно купував десетина кесички со чипс што ме чинеа 500 денари (500 денари за глупиот и нездрав чипс!), готови сендвичи на работа (200 денари дневно за 20 работни дена се 4.000 денари за нездрав оброк), потоа разни други грицки и благо што ме чинеа дополнителни 1.000 денари. Пресметав дека за 2.000 денари можам сама дома да си подготвам оброк за на работа и да заштедам дополнително. За два месеци тоа се околу 4.000 денари.

Секојдневни трошоци во домаќинството

Можеби ова ќе ви делува како клише, но ако пробате и самите ќе се уверите дека малите работи прават голема разлика. Почнавме да внимаваме на потрошувачката на струја – ги гасиме непотребните светла, ги гасиме од штекер уредите кои не се моментално активни. Машината за перење алишта престанав да ја пуштам ако не е целосно полна. Така се намали сметката за струја, количината на потрошен прашок за перење и омекнувач за алишта. На ова заштедивме околу 1.500 денари месечно.

Исто така престанавме да плаќаме кабловска, и онака гледавме само два канала. Се префрливме на интернет. Тука заштедивме 1.000 денари месечно. Вкупно за два месеци заштедив околу 20.000 денари, не сметајќи ги трошоците на сопругот. Тој престана да пуши, а тоа е заштеда од 5.000 денари месечно.

Мислам дека ова го може секој од вас, треба само да седнете и добро да се пресметате, ќе бидете во шок на што се фрлате пари!

Следни Објави

Веднаш проверете: Откриен нов симптом на Ковид-19

Американските лекари тврдат дека откриле уште еден симптом кај заболените од Ковид-19. Истиот се манифестира со промена на бојата на прстите на нозете. Имено, прстите на нозете на заболените од новиот коронавирус се црвени и изгледаат како да се премрзнати. Последен објавен симптом беше згрутчување на крвта,  што може да […]