fbpx

(ВИДЕО) Сопругата на Пендаровски ќе раскажува приказни за деца

„Раскажуваме заедно“ е новиот проект за едукција на деца кој го иницираше сопругата на претседателот Пендаровски, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, заедно со „5 Плус Фамилијата“.

– Приказните за Марија Кири, Ана Павлова, Малала Јусафзаи, како и за други познати и непознати херои и хероини и инспиративни личности ќе бидат дел од најновата заедничка иницијатива на Ѓоргиевска и „5 Плус Фамилијата“ – соопшти Кабинетот на претседателот на државата.

Преку проектот „Раскажуваме заедно“, децата од предучилишна и училишна возраст ќе слушнат приказни за развојот и успехот на поединци кои низ историјата, секој во своето време и во областа во којашто работеле, оставиле силна трага.

– Со појавата и ширењето на епидемијата на вирусот Ковид-19 се смени реалноста во којашто децата и младите учат и го поминуваат своето слободно време. Во таа насока, преку оваа иницијатива на децата ќе им се понудат нови едукативни содржини. Целта на #РаскажувамеЗаедно е да го привлече и задржи вниманието на учениците и да стекнат нови знаења. Приказните од #РаскажувамеЗаедно ќе се емитуваат на јавниот сервис и на сите дигитални платформи на 5 Плус Фамилијата (Facebook, YouTube и Instagram) – се наведува во соопштението.

Покрај сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, дел од оваа иницијатива ќе бидат и други јавни личности од земјава.

https://www.instagram.com/p/B_UKNXZnGrm/?utm_source=ig_web_copy_link

Следни Објави

И покрај ракот, верува во убавината на секој нов ден: Митко е нашиот херој!

Митко Јордановски собрал храброст да ја сподели неговата животна приказна со единствена цел-да ги охрабри сите оние кои моментално го поминуваат патот што тој го одел пред неколку години. Јордановски има меланом, односно рак на кожа. И покрај многуте компликации не престанува храбро да се бори и да верува во […]