Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, во интервју за „Би-Би-Си“ објасни дека за отворањето на границите постои голема дискусија со здравтвените експерти кои сепак ќе го имаат последниот збор.
– Се стремиме да можеме да ги отвориме границите во јули. Ова, секако не може да биде за сите земји, за сите дестинации, но би требало барем да се обидеме да отвориме билатерална комуникација и патувања со некои земји – признава Теохарис.
Грција е во процес на разработка на протоколите кои ќе бидат доставени до експертскиот комитет и властите се надеваат дека ќе добијат одобрение за постепено отворање.
– Без рестартирање на туризмот не може да има трајно економско рестартирање – сметаат тие.