Научниците издвојуваат две очекувани методологии на нашето однесување кои се закана за контролирање на вирусот и пресуден момент за конечниот исход од епидемијата.
Многу земји и понатаму се во карантин и луѓето излегуваат од дома само кога тоа е неопходно. Во Македонија и понатаму важи полицискиот час, но сега значително намален. Многу држави почнаа и со екстремно олабавување на мерките.
Овој пристап е неизбежен, бидејќи мораме да му се вратиме на нормалниот животен тек, но сега е клучно како ќе се однесуваат луѓето. Од тоа зависи дали светската пандемија конечно ќе зврши.
Експертите истакнуваат дека се плашат од следните две чести реакции на луѓето:
Заборавен страв
Еднаш кога стравот и паниката ќе попуштат, а работите ќе тргнат на подобро, луѓето се склони премногу да се опуштат и комплетно да ги занемарат препораките кои до пред само неколку дена строго ги почитувале. Тоа можеше да се види уште денес кога сите не носеа маски, и тоа не само на отворено, туку и во маркет. Мора да се држи дистанца и да се носи заштитна опрема.
Заборавање на здравите навики
Луѓето можат експресно да им се вратат на лошите навики, на нездравата храна, недоволното спиење, избегнувањето на спортските активности, едноставно да заборават на имунитетот.
Не заборавајте дека сѐ уште ни умираат луѓе секој ден и дека вирусот е присутен меѓу нас!