Американските лекари тврдат дека откриле уште еден симптом кај заболените од Ковид-19. Истиот се манифестира со промена на бојата на прстите на нозете. Имено, прстите на нозете на заболените од новиот коронавирус се црвени и изгледаат како да се премрзнати.
Последен објавен симптом беше згрутчување на крвта, што може да предизвика мозочен удар. Неодамна лекарите и пациентите открија и нов симптом што го опишуваат како трпки по телото, што е знак дека телото во завршна фаза се бори со вирусот. Останатите вообичаени симптоми вклучуваат треска, болки, тешко дишење, замор, сува кашлица, дијареја, а од друга страна, некои луѓе немаат никакви симптоми.
Тука се и невролошките симптоми, вртоглавица и главоболка, но и атаксијата што се опишува како недостаток на координација на движење, односно одење или кревање предмети. Атаксијата може да влијае и на говорот, голтањето и движење на очите.
Досега во светот се заразени повеќе од 2,7милиони луѓе од Ковид-19. Излекувани се околу 750.000 луѓе, а починати се над 190.000 луѓе.