fbpx

Се плашиме од несакани ефекти: Филипче за карантинот на први мај

Во тек е прес-конференција на министерот Венко Филипче и директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова-Бухова. Освен за моменталната состојба со Ковид-19 во државата, Филипче се осврна и на (не)почитувањето на мерките од страна на граѓаните по намалувањето на полицискиот час.

– Деновиве видовме совесни граѓани кои ги почитуваат мерките, но видовме и голем број кои не ги почитуваат. Веќе побарав казнувањето да почне порано, а не на први мај, бидејќи се плашиме од несакани ефекти. Во зависност од тоа ќе донесеме и одлука како ќе биде организиран следниот празничен викенд – порача министерот Филипче.  

Следни Објави

Забраните за движење имаат контра-ефект: Шведска повторно во фокусот

Претерано острите мерки за забрана на движење кај луѓето иницираат замор и имаат контра-ефект. Така тие престануваат да ги следат советите на Владата, вели шведската вицепремиерка Изабела Левин. Таа денеска негираше дека нејзината Влада следи стратегија на „имунитет на стадо“ и предупреди на „контра реакција“ на остри мерки. Шведска усвои […]