Претерано острите мерки за забрана на движење кај луѓето иницираат замор и имаат контра-ефект. Така тие престануваат да ги следат советите на Владата, вели шведската вицепремиерка Изабела Левин.
Таа денеска негираше дека нејзината Влада следи стратегија на „имунитет на стадо“ и предупреди на „контра реакција“ на остри мерки. Шведска усвои различна стратегија со далеку помалку рестриктивни мерки за социјално дистанцирање од повеќето европски земји. Училиштата, баровите, рестораните и продавниците се отворени, а во земјата се дозволени собирања до 50 лица.
Ловин за Би-Би-Си објаснува дека пандемијата на коронавирусот ќе биде маратон, а не спринт и дополни дека обвинувањата дека Шведска не презела сериозни чекори се толкуваат како мит.
– Вистинскиот страв ако имате премногу остри мерки е дека тие не можат да се одржат со текот на времето и може да се добие контра реакција, така што луѓето нема доброволно да ги следат препораките што ќе треба да се следат многу долго време. Не сакам да го умориме населението и факт е дека нашиот народ во голема мера нѐ поддржува – објаснува вицепремиерката.