fbpx

Во Македонија досега починаа двојно повеќе мажи: Зошто е тоа така?

Во Македонија досега се регистрирани 65 смртни случаи, од кои 46 се мажи, а само 19 жени. И покрај тоа што во нашата земја има повеќе заболени жени од Ковид-19, смртноста е поголема кај мажите. Но, тоа не е само кај нас.

И според наводите на Светската здравствена организација, мажите многу почесто заболуваат од корона во споредба со жените, на што укажуваа и статистиките од Кина уште на почетокот на пандемијата. Смртноста меѓу мажите на средината на јануари била 2,8 отсто, а меѓу жените 1,7 отсто. Слично било и во 2003 година за време на епидемијата од САРС во Хонгконг, а припадниците на посилниот пол почесто заболуваат и од грип во однос на жените, покажуваат статистиките.

Зошто е тоа така?

Едноставно, жените имаат посилен имунитет и тоа благодарение на естрогенот. Овој женски хормон ја поттикнува работата на имунолошкиот систем и силно делува против инфекциите. Од друга страна, машкиот хормон тестостерон го блокира имунолошкиот систем. Покрај ова, важна улога има и генетиката.

Еден германски молекуларен биолог вели дека гените се релевантни за имунолошката состојба на организмот, дека се одговорни за откривање на предизвикувачот на болеста, кодирани на X-хромозомот. Бидејќи жените имаат два Х-хромозоми, а мажите само еден, јасно е на чија страна е предноста.

Како уште една важна причина се наведува и разликата во начинот на живот помеѓу мажите и жените. Не е тајна дека мажите често живеат понездраво од своите партнерки. Првенствено, меѓу пушачите поголем процент се мажи, а плучата која им е нарушена со оваа лоша навика е и почувствителна на вируси.

Во едно истражување е наведено и зошто децата ретко се инфицираат со коронавирусот. Иако научниците и лекарите прво мислеа дека децата не можат воопшто да се заразат, праксата покажа дека можат. Всушност, тие го имаат вирусот, но не заболуваат и покажуваат само бледи симптоми. Научно објаснување за оваа сѐ уште не постои. Лекарите сметаат дека кај младите делува таканаречениот вроден „неспецифичен состав“.

Заштитата од првиот вирус се добива уште во фетус-фазата, а продолжува со раѓањето и доењето со мајчиното млеко. Оваа „пасивна имунизација“ е обично доволна за периодот додека кај децата не се развие комплетен имунитет, што се случува до 10-та година од животот.

Следни Објави

Украдени 2.000 евра од црквата Св. Јован Крстител

Најмалку 2.000 евра се украдени од црковната каса, од црквата Св. Јован Крстител во делчевското село Ѕвегор, информира МИА. Станува збор за пари кои овдешните жители ги собираат последните три години и се наменети за сликање на фрескоживописот. – Од поставувањето на иконостасот имавме собрано пари од многу наши пријатели […]