fbpx

Лекарите открија: Пред вирусот да се развие, се појавува овој симптом!

Препознавањето на потенцијалните симптоми на коронавирусот е исклучително важно, велат лекарите. Раното откривање ги зголемува и шансите за лекување. Досега знаеме дека покачената температура, кашлањето и губењето на чувството за вкус и за мирис се јасни симптоми. Сепак, Светската здравствена организација на листата додаде уште еден симптом за кој велат дека може да биде најраниот индикатор на болеста.

Наглите промени на кожата може да бидат аларм дека организмот е нападнат од овој вирус. Обично се манифестира со иритација на телото со ситни точки во значително црвена боја кои укажуваат на заразата.

Според податоците на италијанските лекари, секоја петта личност која е хоспитализирана поради коронавирус ја имала оваа промена на кожата.

– Нафрлањето може да биде најраниот симптом, а честопати и единствен. Во поголемиот број случаи, пред болеста да прогресирала, се јавувала оваа промена на кожата – тврдат лекарите.

Д-р Ренди Џејкобс , асистент професор по дерматологија на Универзитетот во Калифорнија, зборуваше за 67-годишен пациент заразен со корона. Кај него прво се јавиле симптоми кои личеле на обична настинка, но една недела подоцна се појавила иритација на внатрешната страна на нозете по што му бил дијагностициран коронавирус.

Тој дополнува и дека овој симптом во поголемиот број случаи се јавува кај личности кои боледуваат од некоја автоимуна болест, пренесува весникот Express.

Со укинувањето на вонредната состојба нема да престане и опасноста од овој вирус, па е неопходно да се следат сите промени на телото, едногласни се лекарите.

Следни Објави

Зошто некои оздравени пациенти повторно се заразуваат?

Хонгконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“ ги објави резултатите од најновото истражување кое, според многумина, може да даде одговор на прашањето зошто некои оздравени пациенти повторно се заразуваат. Пациентите кои се излекувале од  вирусот Ковид-19 и се отпуштени од болница може да носат честички од коронавирусот длабоко во нивните бели […]