Научници од Кина тврдат дека коронавирусот никогаш нема целосно да го уништиме. За ова се согласни и сѐ повеќе светски експерти кои велат дека вирусот ќе се враќа сезонски, како грипот.
Како што пишува „Блумберг“, кинеските научници тврдат дека малку е веројатно коронавирусот да исчезне како што неговиот „постар брат“ САРС исчезна пред 17 години, ако се земе в предвид дека се пренесува меѓу луѓето без да предизвикува појавување на симптоми кај сите. Токму оваа група на асимптоматски пациенти го прави сузбивањето на епидемијата многу потешко, објавија кинеските научници наа брифингот во Пекин.
Кај САРС-от заразените имаа многу тешки симптоми. Но, еднаш кога беа ставени во карантин, болеста престана да се шири. Спротивно на тоа, во Кина и понатаму се појавуваат повеќе асимптоматски случаи на коронавирус, иако епидемијата е ставена под контрола.
– Ова ќе биде епидемија со која ќе живееме уште долго време и веројатно ќе се појавува сезонски – изјави Џин Ки од кинеската Академија за медицински науки.