fbpx

Виз Ер ќе лета од 1 мај, компанијата ги соопшти новите правила

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер која е присутна и кај нас ги соопшти новите правила на игра кои ќе ги применува од 1 мај

Екипажот и патниците да носат заштитни маски, да се одржува физичка дистанца пред чекирање, како и при влегување и излегување од авион, а на летови каде што ќе има можност да се обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците, предвидуват новите дополнителни мерки.

– Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи во согласност со владините регулативи – да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракцијата на аеродромот. Употребата на киосците за самостојно оставање багаж (таму каде што е достапно) и брзите ленти за безбедност на аеродромите, се високо препорачани од страна на авикомпанијата за понатаму да се обезбеди и физичка дистанца пред чекирање во авионот. За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот – стои во соопштението од авиокомпанијата.

Оттаму дополнуваат дека ХЕПА филтрите на сите нивни авиони филтрираат до 99.7 проценти од вирусите и бактериите од воздухот во кабината, но оти екипажот и патниците ќе треба да носат маски за време на летот.

– Екипажот ќе им достави на сите патници марамчиња за бришење, додека отстранувањето на магазините на летот и охрабрувањето за бесконтактно плаќање при купување за време на летот се мерки кои се воведени со цел да се намали физичкиот контакт. На летови каде што ќе има можност, екипажот ќе обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците – наведуваат од Виз Ер.

Засега нема официјални најави кога ќе се нормализира одвивањето на авиосообраќајот на двата македонски аеродромa.

Следни Објави

(ФОТО) Секоја жена може да изгледа како модел: Дознајте како!

Доколку имате вишок килограми, не треба вашиот единствен избор да биде широката облека. Тоа го докажа и Кејти Стурино на својот профил на „Инстаграм“. Всушност, оваа девојка се облекува како модел, но буквално така и изгледа – феноменално! Ако правилно ги ископирате модните стилови и вие можете да изгледате како […]