fbpx

Се роди Каи: Актерката Нина Деан стана мајка

Актерката Нина Деан стана мајка. Радосната вест прва ја сподели нејзината мајка, познатата кореографка Гордана Деан Поп Христова.

– Се роди Каи. Баба од далеку ги бацува и гушка Нина, Мартин и Каи, мили тие – напиша на „Фејсбук“ Гордана која сега живее во Еквадор и поради вонредната состојба со коронавирусот не можеше да допатува во Македонија.

Ова е прво дете на Нина Деан. Нејзиниот сопруг кој ја запроси во осмиот месец од бременоста ѝ е љубов од детските денови. Неодамна откри дека немале никаков контакт цели 13 години пред повторно да се спојат.

Гордана Деан во неполна година вторпат стана баба. Нејзината помлада ќерка од бракот со актерот Кирил Поп Христов се породи лани во јуни. Јоана со сопругот Родригез Сориа Хосе Луис исто така живее во Еквадор.

Следни Објави

Филипче: Го избравме идеалниот модел, оној на Шведска е исклучително ризичен

Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека е избран идеалниот модел за нашата земја и нашиот здравствен систем, за справување со пандемијата. Тој истакнува оти сега се гледаат резултатите од тоа, односно дека постепено се намалува бројот на дијагностицирани пациенти и бројот на тестови. – Пристапот да се тестираат симптоматски […]