fbpx

Забранети 4 намирници додека трае вирусот: Може да бидат опасни по живот!

Сега, кога многумина од нас прават неделни резерви на храна за поретко да одиме во продавници и на тој начин да го запреме ширењето на вирусот, лесно забораваме на другите на коишто им се потребни одредени производи од медицински причини.

„Ако некој остане без намирници кои им се неопходни затоа што е на специјален режим на исхрана, може да биде опасно по живот“, вели Ева Персак, нутриционист.

Ако недостатокот на овие производи стане долгорочен поради пандемијата, здравствената состојба на поединци може сериозно да се влоши, предупредуваат експертите. За да помогнеме и другите да останат во добро здравје, експертите препорачуваат општата популација да избегнува или барем да намали со купување на одреден тип на храна додека пандемијата не заврши.

Кокосово масло

Ова масло е од витално значење за личностите што страдаат од болести на црниот дроб и песок во жолчката. Имено, ова масло е богато со триглицериди од средниот ланец, поради што не ги оптеретуваат црниот дроб или жолчката како што тоа се случува со другите видови на масла. Поради недостаток на залихи, но и поради доцнење на испораки преку интернет, луѓето може да останат без него.

Смрзнато зрнесто овошје

Витално за луѓето со хронични бубрежни болести. „За луѓето со хронични бубрежни болести, многу малку овошје и зеленчук е препорачливо за консумирање. Поголемиот дел на растенија е богат со калиум и фосфор – двата минерали коишто ги оптеретуваат бубрезите“, истакнуваат нутриционистите.

Зрнестото овошје содржи минерали кои се сигурни за бубрежно заболените. Но, бидејќи тешко се наоѓаат во супермаркетите, овие пациенти често остануваат без еден извор на витамин Ц во нивната исхрана.

Безглутенски производи

Незаменливи за луѓето што имаат алергија на глутен. Откако Новак Ѓоковиќ кажа дека е алергичен на глутен, многу од неговите поддржувачи престанаа да јаде леб и брашно. Дојде до огромна побарувачка на безглутенски производи. Но, ако доктор не ви ги препорачал за користење немојте да ги купувате и на другите што навистина им се потребни да им ја земате намирницата што им е потребна за нормално функционирање.

Протеински шејкови

Луѓето со хронична опструктивна белодробна болест (ХОПС) согоруваат голем број калории со огромна брзина (10 пати побрзо од останатите) поради што е потребно секојдневно да внесуваат огромен број на калории.

Овие шејкови за нив се незаменливи производи затоа што така полесно внесуваат калории во своето тело. „Ако не ги внесат потребните калории во текот на денот, овие пациенти може да се соочат со намалување на телесната тежина и со неухранетост“, истакнуваат експертите. Еден од начините тие луѓе да ги добијат потребните калории е пиењето протеински шејкови.

Исто така, сите оние што се болни од рак и што се на хемотерапија, може да се соочат со недостаток на апетит, тежина и мачнина, така што овие шејкови им значат живот!

Следни Објави

Се роди Каи: Актерката Нина Деан стана мајка

Актерката Нина Деан стана мајка. Радосната вест прва ја сподели нејзината мајка, познатата кореографка Гордана Деан Поп Христова. – Се роди Каи. Баба од далеку ги бацува и гушка Нина, Мартин и Каи, мили тие – напиша на „Фејсбук“ Гордана која сега живее во Еквадор и поради вонредната состојба со […]