fbpx

Зошто некои оздравени пациенти повторно се заразуваат?

Хонгконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“ ги објави резултатите од најновото истражување кое, според многумина, може да даде одговор на прашањето зошто некои оздравени пациенти повторно се заразуваат.

Пациентите кои се излекувале од  вирусот Ковид-19 и се отпуштени од болница може да носат честички од коронавирусот длабоко во нивните бели дробови. Според истражување на кинески специјалисти во Хонгконг, во таков случај не може да се открие инфекцијата со вообичаените тестови.

– Нашата работа е првиот доказ во областа на патологијата за остатоци од вирусот во белите дробови на пациент кој трипати бил тестиран негативно – велат научниците од тимот предводен од доктор Бјан Сиу од Универзитетот за воена медицина Чунцин.

Тие анализирале 78-годишна пациентка која била хоспитализирана со Ковид-19 и била подложена на третман, по што три последователни тестови откриле дека таа не е носител на коронавирус. Компјутерската томографија покажала значително подобрување на нејзината состојба, но неочекувано следниот ден жената починала од срцев удар. Подоцна, под електронски микроскоп биле откриени честички на коронавирусот во длабоките ткива на нејзините бели дробови. Во црниот дроб, срцето, бубрезите и коскената срцевина не се пронајдени такви ткива.

Кинеските научници, кои ги објавиле резултатите од нивното истражување, откриле дека скриените видови на вирусот во белите дробови не предизвикуваат никакви симптоми.

Следни Објави

Нема враќање во училиште, се укинува државната матура

Се укинуваат државната матура и завршниот испит за оваа учебна година, учениците од основно и средно образование нема да се вратат во училиште до крајот на учебната година, соопшти министерот за образование Арбер Адеми. Сите матуранти ќе добијат диплома за завршено средно образование, како и во изминатите години. Одлуката била […]