Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека е избран идеалниот модел за нашата земја и нашиот здравствен систем, за справување со пандемијата. Тој истакнува оти сега се гледаат резултатите од тоа, односно дека постепено се намалува бројот на дијагностицирани пациенти и бројот на тестови.
– Пристапот да се тестираат симптоматски пациенти, да се изолираат нивните контакти мислам дека даде резултат. Секоја земја избра свој автентичен систем, секоја земја има свои карактеристики на здравствениот систем. Во однос на препораките на СЗО што е тоа што сега како резултат доаѓа во Шведска. Смртноста во Шведска е многу поголема. Таа е некаде околу 12 проценти, ми се чини дека е во првите пет земји во светот според просекот на починати лица. И во таа смисла дискутабилно е дали може да се препорача како добар модел – посочи Филипче.
Министерот додаде дека немањето рестрикции со цел да се создаде имунитет според него е исклучително ризично да се препорача и направи.