fbpx

Најслаткиот десерт не се пече: Оваа торта од јагоди и јогурт е совршена!

Потребни состојки за кора:

250г мелени бисквити

50г путер

150г чоколадо за готвење

Потребни состојки за фил:

600г свежи јагоди

250г шеќер во прав

600мл јогурт

300г грчки јогурт

150г свежо крем сирење (несолено)

Желатин

Подготовка:

Путерот и чоколадото стопете ги на пареа и измешајте ги со мелените бисквити.

Хомогената смеса рамномерно распоредете ја во кружен калап за чизкејк и ставете ја во фрижидер да зацврсти.

Измиените јагоди исечете ги на ситни парченца, а потоа во блендер измиксајте ги со шеќерот во прав. Од добиената смеса одвојте 4 лажици кои ќе ви бидат потребни за подоцна.

Промешајте го обичниот со грчкиот јогурт, додадете го пирето од јагоди, а на крај во смесата измешајте го и крем сирењето и сето тоа добро да се соедини.

Желатинот измешајте го со четири лажици ладна вода, додадете го остатокот од пирето од јагоди и на тивок оган загревајте ја смесата се додека желатинот не се растопи.

Смесата од желатин додадете ја во смесата од јогурт и јагоди, па се заедно добро промешајте. Смесата рамномерно распоредете ја по кората и оставете ја тортата преку ноќ во фрижидер.

Следниот ден украсете ја по желба со бела или црна чоколада, чоколадни трошки, шлаг или свежо овошје.

Уживајте!

Следни Објави

Животот му го посветив: Оџаклиевска за изолацијата со аутистичниот внук

Легендарната пејачка признава дека волонтерите и прекрасните соседи ѝ носат намирници додека со сите сили се бори со болеста на десетгодишниот внук Секогаш ведра и насмеана, Маја Оџаклиевска не дозволува психолошки да падне дури и кога животот ѝ сервира непредвидливи и помалку пријатни ситуации. Легендарната пејачка во сѐ бара нешто […]