fbpx

Филипче: Оваа борба полека ја добиваме, но војната сѐ уште трае

Министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во вестите на „Телма“ даде свое видување на она што најмногу ги интересира граѓаните – како ќе се враќа животот во нормала, какви протоколи на однесување се предвидени во кафеаните, кината и театрите, на пример.

– Во сите досегашни мерки приоритет беше здравјето на граѓаните. Мерките беа добро испланирани, добро деминзионирани. Така да сметам дека оваа борба полека ја добиваме, но предвидувањата се дека војната ќе трае. Ќе трае и оваа година, ќе трае и наредната и веројатно ќе заврши додека не се открие вакцината. И сега со попуштањето на рестрикциите приоритет ќе биде заштитата на здравјето на граѓаните – изјави Филипче.

Министерот беше прашан и за датумот за избори, на што одговори дека тоа може да се случи само кога истото ќе го одобри Комисијата за заразни болести.

– Никогаш досега, ниту еден настан, ниту пак изборниот процес кој беше на почетокот на оваа криза закажан, не беше предмет на дискусија, ниту пак беше нешто врз основа на што ние ги темелевме препораките. Сѐ што се предложи од Министерството и Владата, сите мерки беа димензионирани на прво место да биде здравјето на граѓаните. Во таа смисла, истиот терк на работа ќе продолжи и понатаму – истакна Филипче.

Следни Објави

Иван: Како после 56 дена берберот пак ме направи човек

Го чувствував растењето на секој милиметар. Под брадата како да имав огромен мравјалник. Тој одраз во огледалото секое утро ме потсетуваше на полудениот Том Хенкс, со години заборавен на пустиот остров. Нефарбаните коси кај педантните дами беа бедна бенигна последица од затворањето на фризерските салони во однос на мојот фацијален […]