fbpx

Животот му го посветив: Оџаклиевска за изолацијата со аутистичниот внук

Легендарната пејачка признава дека волонтерите и прекрасните соседи ѝ носат намирници додека со сите сили се бори со болеста на десетгодишниот внук

Секогаш ведра и насмеана, Маја Оџаклиевска не дозволува психолошки да падне дури и кога животот ѝ сервира непредвидливи и помалку пријатни ситуации. Легендарната пејачка во сѐ бара нешто убаво и воопшто не се жали на периодот поминат во карантин со својот аутистичен внук Лука. Вели дека спасот од досада го бара на балконот или во дворот, а единственото нешто кое ја загрижива се повремените напади кои момчето ги има.

– Имам тераса на која често седам или евентуално во дворот кој го преградивме уште пред неколку години за Лука да има повеќе простор. Тој секој трет ден има аутистичен напад. Немам никаква помош. Разговарав со надлежните во центарот за социјална работа, евентуално да ни пратат некоја млада личност која ќе може да го прошета, но ми одговорија дека тоа сега е невозможно поради ситуацијата со коронавирусот.  Им реков дека се во право, ќе го истуркаме некако и овој период – храбро раскажува Оџаклиевска.

Маја признава дека волонтерите и соседите ѝ носат намирници додека со сите сили се бори со болеста на десетгодишниот внук. Таа нагласува дека Лука е прекрасно дете и дека единствениот проблем е што на моменти му е многу досадно.

– Неговата мајка е тажна што не може да дојде, не дозволувам ниту едната, ниту другата ќерка да нѐ посетуваат поради ситуацијата. Сами сме и среќни сме поради тоа, затоа што ризикот за евентуално заболување е сведен на минимум. Имав многу шанси во животот да не бидам сама, бев опкружена со многу луѓе, но ова е мој избор – вели пејачката која го отпеа евергринот „Многу солзи исплакав“.

Во моментите кога нејзиниот внук има напади, вели дека го смирува со сладолед или со чоколадо.

– Ги научив неговите потреби, знам што може да го расположи. Лука најдобро функционира со мене, не се жалиме. Имам една сосетка, со неа понекогаш ќе се напијам кафе и тука завршува мојот социјален живот – открива 65-годишната Оџаклиевска која поради старосната граница до неодамна не смееше да го напушта домот.

Изолацијата не ѝ ги променила воопшто животните навики и по малку е изненадена што поголемиот број нејзини сограѓани кренале фама околу карантинот. Според неа има толку убави работи да се прават во сопствениот дом. Таа, на пример, си го средила гардероберот.

– Се изненадив колку непотребни алишта сум чувала таму некаде во позадината на плакарот. Сите ќе ги донирам во Црвен крст – порачува Маја.

Следни Објави

Филипче: Оваа борба полека ја добиваме, но војната сѐ уште трае

Министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во вестите на „Телма“ даде свое видување на она што најмногу ги интересира граѓаните – како ќе се враќа животот во нормала, какви протоколи на однесување се предвидени во кафеаните, кината и театрите, на пример. – Во сите досегашни мерки приоритет беше […]