fbpx

Ангели нека те носат горе, твоето име нема никогаш да зајде

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по ненадејната смрт на Драган Вучиќ кој ја загуби битката со Ковид-19. Многу познати личности, пејачи, водители и актери му посветија емотивни статуси.

„Почивај во мир, чичко Драган“, напиша Каролина Гочева на „Фејсбук“ објавувајќи го неговиот безвременски макфестовски хит „Свирете ја зајди, зајди“.

„Беше еден и единствен“, порача Тамара Тодевска.

Последен поздрав доби и од Лозано кој пошироката јљвност го запозна токму во телевизиско шоу кое го креираше Вучиќ. „Животот е непредвидлив. Ти благодарам за сѐ, голем човеку“, напиша, меѓу другото, познатиот пејач на „Инстаграм“.

Наредните посвети ви ги пренесуваме интегрално:

Лила Филиповска

Крај на една ера. Не постои подобар начин да се одаде почит кон ликот и делото на еден човек како Драган Вучиќ. Неговиот ведар дух, непресушен оптимизам и желба за работа вечно ќе бидат запаметени од луѓето кои го познаваа. А тој, тој си го живееше животот како што тој сакаше…со песна, дружба, забава….јас знам дека истото ќе го прави и таму каде што е сега некои работи никогаш нема да се сменат. Патувај Вучко, нека ти е светол патот, почивај во мир …и да…не заборавај да го поздравиш татко ми. Искрено сочувство до Весна и Мартин

Драган Спасов-Дац

Го сретнав, не знам каде…
Му реков:
-Тој сутлиашот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го купувам.
– Навистина ти се допаѓа?
-Да, му одговорив.
Следниот ден ме побара и ме праша за адресата, му ја кажав.
Дојде и ми донесе цел пакет од сутлијашот. „Повели“ ми рече со насмевка.
Е, таков човек беше Драган Вучиќ.
Почивај во мир!

Дарио Панковски

Почина Драган Вучиќ. Име и презиме, мој драг пријател, одличен музичар, автор на безвременски хитови, харизматичен водител и шоумен. Многумина го обожаваа, некои за жал го исмејуваа, но тој прв ја откри вистинската формула за тоа што всушност најшироката популација сака и им го нудеше тоа како вистински професионалец. Искрено се надевав дека засекогаш ќе нè расположува со своите бескрајно шармантни и спонтани коментари, но не… Тој е за мене Драгче од мое старо маало, од Млин Балкан, со кој речиси секој втор ден се гледавме на кејот на Вардар на џогирање или пешачење. Сега, секој нареден ден на кеј ќе ми фали неговото: „Еј здраво Дарче, шо праиш, шо има ново?”, онака скопски. Многу ми е жал, МНОГУ! Ангели нека те носат горе, твоето име нема никогаш да зајде. Почивај во мир ДРАГЧЕ друже мој.

Бранко Огњановски (Миле Паника)

Еден од бисерите што ги памтам во некоја од емисииите на Драган Вучиќ. Го прашува гостинот:
– А вие сте тука заради пари или заради слава?
– Заради пари, слава имаме, Свети Никола.

Сузана Спасовска

Неверојатно и многу тажно… Нашиот колега и пријател Дракче си замина. Беше насмеан човек со ведар дух и секогаш спремен да направи добрина.
Сочувство до семејството Вучиќ и Бог да им даде сила за понатаму со најубав спомен за него. Нека почива во мир! Слава му!

Погребот на Драган Вучиќ ќе биде извршен утре, во 13 часот, на Градските гробишта, информираат од неговото семејство. Неговото тело од 12 до 13 часот ќе биде изложено на отворено на градските гробишта.

Од семејството додаваат дека ќе бидат испочитувани сите заштитни мерки и препораки поврзани со пандемијата со коронавирусот. За сите што сакаат да му оддадат последна почит, улицата ќе биде затворена од 12 до 14 часот за да можат да се движат соогласно препораките за заштита.

Насловна фотографија: Убавина и здравје

Можеби ќе ве интересира:

Воздржете се: Турунџиева удри по лицемерните колеги

Не го познаваа како човек: Колегите се простуваат од Вучиќ

Вчера беше сѐ во ред: Мартин низ солзи за татка си

И покрај напорите на лекарите, му подлегна на вирусот: Филипче за Вучиќ

Го почитуваа луѓе кои никој друг не ги почитува

Следни Објави

Слика стара 22 години: Елена со Вучиќ како Касандра

Елена Ристеска на оригинален начин се прости со Драган Вучиќ. Поп-ѕвездата објави фотографија од нејзината приватна архива стара цели 22 години. Можеби ќе ве интересира: Ангели нека те носат горе, твоето име нема никогаш да зајде Воздржете се: Турунџиева удри по лицемерните колеги Не го познаваа како човек: Колегите се […]