Дедо ми често ми велеше „Гледај да ти чури оџакот нагоре“. Мене ми беше важно оџакот да ми дими, а тие што секогаш ме ставаа во уста кога им фалеше читаност едноставно не ме интересираа, изјави Драган Вучиќ во интервју за сега веќе згаснатиот портал „Телеграф“.
Во едно друго интервју за порталот „Стори.мк“, запрашан кои беа неговите пет минути во животот, авторот на легендарното шоу „Вашите 5 минути“ одговори вака:
„Господ дава три шанси: Ако барем една не искористиш-ништо! Јас првата моја шанса што беше на музичко поле ја искористив со група „Македонија“ на мои 18 години, ја зграпчив добро како еден солиден бас гитарист, живеев во едно друго време каде што естрадата навистина се почитуваше, се почитуваше добар музичар. Втората шанса ми беше со групиве што ги направив, а третата си ја искористив кога ме викнаа во „Сител“. Тогаш почнав полека со водителството, а музицирањето и пејачката кариера замереа бидејќи почувствував дека сум десет години понапред, почувствував дека од нашава естрада ама ништо нема да биде и свртев на шоу-програми. И јас мислам дека тоа мене добро ми оди, без разлика што велат другите“.
Пред точно две години гостуваше и во телевизиското шоу на Драган Б. Костиќ каде прецизно ја објасни оправданоста на неговите проекти кои често наидуваа на потсмев.
– Таа популација што ми ги гледаше емисиите, тоа се 70 отсто од популацијата во Македонија. Рурална! Мене не ме интересира што кажал некој адвокат или доктор, мене тие ми се репер. И ден денес е така! – појасни Вучиќ.
Можеби ќе ве интересира:
Слика стара 22 години: Елена со Вучиќ како Касандра
Ангели нека те носат горе, твоето име нема никогаш да зајде
Воздржете се: Турунџиева удри по лицемерните колеги
Не го познаваа како човек: Колегите се простуваат од Вучиќ
Вчера беше сѐ во ред: Мартин низ солзи за татка си
И покрај напорите на лекарите, му подлегна на вирусот: Филипче за Вучиќ