fbpx

И покрај напорите на лекарите, му подлегна на вирусот: Филипче за Вучиќ

По ненадејната смрт на познатиот водител и шоумен Драган Вучиќ, се обрати и министерот за здравство Венко Филипче.

– Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските – напиша тој на „Фејсбук“.

Следни Објави

Го почитуваа луѓе кои никој друг не ги почитува

Сè уште ми е неверно дека Драган Вучиќ повеќе не е меѓу нас. Во шок сум од претпладнево, откако ја прочитав информацијата за неговата смрт. Пред сè, искрено сочувство до Весна и до Мартин и до неговите блиски. Драган беше исклучителен човек, неверојатен колега, виртуозен басист и пред сè, ретко […]