По бројните реакции на колегите коишто во голем број му оддаваат почит на Драган Вучиќ кој денеска неочекувано почина на инфективната клиника во Скопје од коронавирус, со свој став се јави познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева.
– Неизмерна е загубата кога некој, кој е во своите најдобри години починува, башка создал ненадминливи музички и авторски дела.. Драгане, нека ти е вечна слава и благодарам за песните кои ни ги остави.. Денес, сонцето зајде за твоето семејство, а ангелите те носат високо во небесниот бескрај. А за јавноста и устите (со чест на исклучоци) гладни за сеир и чешит: Аман немојте! Кога не ве биваше да кажете некој убав збор за време на неговиот живот, немојте ни сега.. Воздржете се! – им порача Турунџиева на колегите.
Можеби ќе ве интересира:
Не го познаваа како човек: Колегите се простуваат од Вучиќ
Вчера беше сѐ во ред: Мартин низ солзи за татка си
И покрај напорите на лекарите, му подлегна на вирусот: Филипче за Вучиќ
Го почитуваа луѓе кои никој друг не ги почитува