На градските гробишта во Бутел денеска беше погребан Драган Вучиќ. На последното испраќање на популарниот музичар и шоумен присуствуваше синот Мартин, но не и сопругата Весна која, според пишувањата на одредени медиуми, е исто така позитивна на Ковид-19.
Присутните велат дека биле испочитувани сите заштитни мерки и препораки поврзани со пандемијата со коронавирусот. Околу 40 блиски роднини и пријатели му оддадоа последна почит на Вучиќ, а од познатите присуствуваа Цветанка Ласкова и Бени Шаќири.
„Почивај во мир легендо“, „Нека ти е лесен патот кон ангелите“, „Никогаш нема да те заборавиме, легендите не умираат“ се дел од пораките кои биле запишани во Книгата на жалост.
Можеби ќе ве интересира:
Со години ги разведуваа, никому не рече ни збор: Која е сопругата на Драган Вучиќ?
Господ дава три шанси: Вака зборуваше Драган Вучиќ
Слика стара 22 години: Елена со Вучиќ како Касандра
Ангели нека те носат горе, твоето име нема никогаш да зајде
Воздржете се: Турунџиева удри по лицемерните колеги