Македонскиот графички дизајнер и сликар Зоран Кардула на „Твитер“ објави фотографија од родното Крушево која за кратко време стана вирална.
Снег на Ѓурѓовден! Не е првпат овој град да биде обелен во мај, но секако не е ниту честа појава.
„Еден први мај пред години, во Крушево во едно претпладне четири годишни времиња се сменија.. сонце, дожд и на крај снег заврна“, е еден од коментарите под фотографијата.