Антонио Бандерас (59) е фотографиран како џогира во родната Шпанија каде моментално и живее, а неговата појава непријатно ги изненади бројните обожавателки ширум светот.
„Нема ни трага од шармерот што го знаевме“, „Запуштената брада му го покрива убавото лице“, „ Непрепознатлив!“ и „Годините си го прават своето, никој не може да остане засекогаш млад“ се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Сепак, холивудскиот актер одлучи да биде што е можно повеќе физички активен, за да се врати во топ-форма.
По разводот со исто толку популарната Мелани Грифит, Бандерас утеха најде во 21 година помлада девојка со која е во врска веќе 11 месеци.
Фото: Профимедија