Исчезна мајката на познатите сестри Тања и Лидија Кочовски. Тања на социјалните мрежи побара помош од граѓаните да помогнат со било каква информација.
* Дечки, ова е мајка ми Невенка Кочовска која боледува од алцхајмерова болест и од дома е излезена сабајле во 9:30 и сѐ уште не е вратена. Пред два часа е видена кај фонтаната во Градски парк. Доколку ја видите или добиете некаква информација, пишете ми во инбокс или јавете ми се на бројот: 075/407-473
Невенка е докажана интерпретаторка, вокалистка на легендарниот македонски состав „Мањифико“ кој пред три години доби награда за животно дело на „Златна бубамара на популарноста“.