Во свечена и празнична атмосфера денеска во Струга се одржа Tрадиционалната древна струшка Еордија, јавува порталот „Струга онлајн“.
Поради вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, и во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, овој пат Литијата беше составена само од дел од локалното свештенство и монаштво. Учесниците се придржуваа кон потребните мерки, а локалното население имаше можност Литијата да ја следи од по тротоарите на улиците каде што таа минуваше, држејќи го препорачаното растојание, информира истиот портал.
Дали навистина се запазени пропишаните мерки, проценете сами. Повеќе фотограафии имате ТУКА!