fbpx

Зборувавме за мојата сексуална определба: Боки 13 отворено за Катица Јанева

Катица Јанева е народна жена, исклучително чесна и непристрасна. Со неа зборував за семејни, за љубовни работи. Зборувавме за мојата сексуална определеност, зашто таа е човек без никакви предрасуди, кажа првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, на денешното судење.

Боки 13 денеска изјави дека со Катица се познава од 13 септември 2018 година, кога ја побарал да гостува во „1ТВ“. Средбата била во Специјалното јавно обвинителство. Наводно, љубезно го сослушала, но одбила да гостува во телевизијата за да ја раскаже нејзината животна приказна.

Ѝ кажал дека син ѝ Лазар е на постдипломски правни студии и дека е невработен. Тој почнал набргу да работи во „1ТВ“.

– Прв доаѓаше, последен си одеше. Редок професионалец – кажа Јовановски денеска во судницата.

Пред само два дена, Јанева поднесе кривична пријава против Јовановски затоа што неовластено ја снимал. Пријавата за Боки 13, кој заедно со неа е обвинет во случајот „Рекет“, ја подготвила пред два месеца.

Следни Објави

Се бара мајката на Тања и Лидија Кочовски, боледува од Алцхајмер

Исчезна мајката на познатите сестри Тања и Лидија Кочовски. Тања на социјалните мрежи побара помош од граѓаните да помогнат со било каква информација. * Дечки, ова е мајка ми Невенка Кочовска која боледува од алцхајмерова болест и од дома е излезена сабајле во 9:30 и сѐ уште не е вратена. […]