Пред еден час во Кисела Вода, во близина на студентскиот дом „Пелагонија“, на раскрсницата помеѓу улиците „Божидар Аџија“ и „Димо Хаџи Димов“ се случи тешка сообраќајна незгода.
Се судрија „Опел корса“ и „Мерцедес“, а очевидци на настанот сведочат дека двајца со потешки телесни повреди со возило на Итна медицинска помош се пренесени на Клиника.
– Еден од повредените беше заглавен во возилото. Дваесетина минути не можеа да го извадат. На крај беше извлечен со интервенција на полицијата која стигна по Брзата помош, а интервенираше и противпожарната служба – ни изјави еден од случајните минувачи кои во тоа време брзале да стигнат дома непосредно пред почетокот на полицискиот час.
Повеќе информации за несреќата очекуваме од МВР.
* Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира