Добрила Ивановска-Чабриќ, победничката на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“, неодамна раскажа како ѝ поминуваат деновите со коронавирусот, но и проговори за својата животна приказна.
– Кај мене секогаш е весело. Не се плашам од никаков вирус, ниту, пак, истиот ми пречи да го работам она што го сакам. Прежиевав многу полоши работи од пандемија – изјави таа за „Гранд онлајн“.
Времето го поминува корисно и, како што вели, никогаш не ѝ е досадно.
– Ја завршувам својата прва книга во која ќе ги има сите детали од мојот приватен живот. Знам дека ќе биде бестселер, имам многу што да кажам, а ќе биде и поучна за многумина – самоуверено порачува Добрила.
Една од семејните трагедии кои ќе бидат опфатени во книгата е загубата на синот. За него кратко зборуваше во едно интервју од пред две години.
– Ако јас мојот син не успеав да го убедам дека животот е убав и дека треба јас да сум му пример, јас немам права да заминам по него. Тој крена раце од себе си, од животот, тој не сакаше да се лечи. Замина прерано и велам дека немам право да заминам по него затоа што мене тој пат секако ме чека – раскажа Добрила.
Во животот секогаш ја гледала убавината и позитивната страна, и тоа ѝ давало сила.
– Пресреќна сум што имам поколение од својот син, што мојата крв оди понатаму. Затоа, имам сила да живеам, сакам да живеам и ќе им бидам пример на сите како треба да живеат – вели пејачката.