fbpx

Нема пробување облека: Како ќе работат македонските молови?

Ќe претпочитаме да не се пробува облеката во гардероба, туку дома. Но, ќе бидеме пофлексибилни и ќе овозможиме толерантен однос околу замената, вели Љупчо Маневски, генерален менаџер на „Фешн груп Македонија“, компанијата која поседува голем број продавници со брендирана облека во нашата земја, пишува порталот „Факултети.мк“.

Коронавирусот дефинитивно ќе внесе нови правила на однесување и кога е шопингот во прашање. Маневски вели дека имаат голем број совети и инструкции од брендовите што ги застапуваат за да ја надминат потенцијална опасност од зараза.

– Информирани сме за сите мерки за заштита што ќе треба да ги спроведеме. Се разбира, мора да ги почекаме и одредбите што ќе ги донесе Владата за да ги усогласиме со насоките и препораките кои интерно ги дискутиравме – вели тој.

Планот на „Фешн груп Македонија“ е продавниците да работат со скратено работно време од 10 до 18 часот, а во недела и за празници да бидат затворени. Вработените задолжително да носат заштитни маски и ракавици и да се користат хидроалкохолни гелови. Да се одржува физичко растојание меѓу купувачите, и меѓу купувачите и продавачите од 1,5 метар до 2. Одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да организира ред, а бројот на купувачи да се регулира според квадратурата на продавницата.

Како ќе работат продавниците, но и кафулињата во „Скопје сити мол“, „Рамстор мол“ и во „Капитол мол“, прочитајте на „Факултети.мк“.

Следни Објави

Хорор во Битола: Имал онлајн концерт, соседот го прободел со нож!

Пеце Петровски, 29-годишен музичар од Битола, завршил во болница откако бил прободен со нож во пределот на раката од страна на неговиот сосед. За време на хуманитарниот онлајн настап во чест на Лука, момче со аутизам, Петревски прво вербално, а потоа и физички бил нападнат од соседот, пишува „Фокус“. – […]