fbpx

Песна за светот, карантински спот со пријателите

Што е за вас светот, прашува поп-ѕвездата Тамара Тодевска во најавата на нејзиниот нов рефрен, темата „Светот е..“, инаку дует со нејзиниот близок пријател и соработник Роберт Билбилов. Премирата не случајно е денес кога докажаниот музичар и продуцент слави роденден.

Во карантинскиот спот кој го осмисли Зоран Зонде Стојановски, покрај Тамара и Билбилов, се појавуваат многу нивни пријатели, познати ликови од домашната сцена. Меѓу нив се и водителките Елена Стефановска и Миа Костова, топ-моделот Катарина Ивановска, децата од „Дајте музика“ со нивниот ментор, актерката Весна Петрушевска, Антониа Гиговска, Александар Тарабунов..

– Дечки, еве една за Светот. Благодарам на сите што бевте така добри колку што сте убави и прифативте да сте дел од овој наш карантински спот. Роберт среќен роденден и уште многу вакви дуети и песни да си имаш. Светот е… (Што е за вас светот?) За мене е моето семејство и музиката. Ве сакам! – напиша Тамара на „Фејсбук“.

Уживајте!

Следни Објави

Нема пробување облека: Како ќе работат македонските молови?

Ќe претпочитаме да не се пробува облеката во гардероба, туку дома. Но, ќе бидеме пофлексибилни и ќе овозможиме толерантен однос околу замената, вели Љупчо Маневски, генерален менаџер на „Фешн груп Македонија“, компанијата која поседува голем број продавници со брендирана облека во нашата земја, пишува порталот „Факултети.мк“. Коронавирусот дефинитивно ќе внесе […]