Споделувајќи повеќе фотографии од семејниот албум, познатата пејачка и хуманист Ребека Јанковска Ристевски ѝ го честира роденденот на својата мајка Роза.
„Секој ден е ден на мајките. Тие се најважната алка во нашиот живот, првиот контакт со нашата планета, тие се одбрани да го носат и донесат животот. Не постојат идеални мајки, а сите би сакале да се такви. Но,нашите се секогаш тие кои се најубави, најдобро готват, најдобро умеат во сѐ да бидат најдобри. Честопати ѝ се лутам зашто знае да биде остар критичар,но со време научив дека мајката е 90 посто во право. Среќен Роденден, мамичке! Со Божа Волја да си благословена со спокој, здравје, среќа, покајание, простување, љубов и трпение! Утре славиме во игротека Тревичка, локација Ливада број 1“, напиша Ребека.