fbpx

Хорор во Битола: Имал онлајн концерт, соседот го прободел со нож!

Пеце Петровски, 29-годишен музичар од Битола, завршил во болница откако бил прободен со нож во пределот на раката од страна на неговиот сосед. За време на хуманитарниот онлајн настап во чест на Лука, момче со аутизам, Петревски прво вербално, а потоа и физички бил нападнат од соседот, пишува „Фокус“.

– Се тргна како што треба, но во еден момент се слушнаа удари на мојот прозорец. Го прекинав видеото во живо, за да видам што се случува. Го забележав мојот сосед Бојан, од соседната зграда, видно вознемирен и хистеричен. Започна да се расправа со мене, да ме навредува… Го прашав што е проблемот, тој почна да вика – Копиле, излези надвор, не можам да спијам! Излегов со цел да му појаснам што всушност правам, сакав на мирен начин да се реши ситуацијата. Во еден момент тој извади нож и ми го заби во раката, се обиде уште еднаш, но во намерата го спречи мојот колега Дарко, којшто со удар го одвлече од мене. Бојан стана и се упати кон својот дом со зборовите – Пеце, имаш среќа што не слегов со сатарот! – раскажува повредениот музичар.

Што точно се случувало, прочитајте ТУКА!

Следни Објави

Се шират лажни информации од МЗ, полицијата работи на случајот

Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири меил со невистината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство и апелира граѓаните да не потпаѓаат под оваа манипулација. – Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува […]