Култната американска ТВ-серија „Сајнфилд“ имаше армија македонски фанови, па веста за смртта на човекот кој играше една од главните ролји (импулсивниот татко) погоди и многумина кај нас.
На возраст од 92 години денеска почина актерот Џери Стилер, соопшти неговиот син, исто толку популарниот американски актер Бен Стилер.
– Тој едноставно не можеше да не биде смешен – изјави во едно интервју Бен за својот татко.
Џери Стилер е роден во 1927 година и бил регрутиран на служба за време на Втората светска војна. По војната, заедно со својата сопруга Ејн Мира оформува комедијантско дуо и така настапувале повеќе години, откако двајцата подоцна започнале одделни кариери.
Покрај во „Сајнфилд“, Стилер настапуваше и во серијата „Кралевите на Квинс“.